„Shoefie“ – нов фото тренд на социјалните мрежи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секој вработен, после напорен и динамичен ден на работното место, независно дали е некоја физичка работа во прашање или канцелариска служба, едноставно ужива да ги протегне нозете „во воздух“ кога ќе се најде во домашна атмосфера. А некои не бираат и каде го прават тоа.

Некогаш непристојното однесување, сега стана симпатичен и прифатен тренд кој завладеа со социјалната мрежа Instagram.

A post shared by Tony Bianco (@tonybianco) on

За да бидете дел од оние кои веќе го практикуваат трендот се што треба да направите е да ги кренете нозете на вашето биро и гордо да ги покажете вашите чевли. Направената фотографија од нив треба да ја објавите на вашиот профил и да напишете одредена интересна мисла над неа. Но, трендот се шири и надвор од канцелариите, па фотки од чевли се споделуваат од секоја пригода.

A post shared by Eva Chen (@evachen212) on

Љубителите на чевли, веќе го обожаваат овој нов тренд, додека други сметаат дека ова е еден од маркетинг триковите со кој би се зголемила продажбата на обувките.

A post shared by SUPLLY DEMAND (@supplydemand1) on

A post shared by Annshoe (@annshoe) on

A post shared by Annshoe (@annshoe) on