Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес официјално го потврди воведувањето на неколку нови правила, кои ќе стапат на сила од следната сезона во Лигата на шампиони и Лига Европа.
Најзначајна промена е добивањето на четврта измена, која може да биде извршена во продолженијата при елиминациските натпревари.
Притоа, сите клубови на клупата ќе можат да сметаат на 12 резервни фудбалери, наместо досегашните 7, кои беа дел од групата на 18 фудбалери. Тоа им дава можност на тренерите да ги пријават сите 23 фудбалери и да имаат поголем избор при натпреварите.
From next season, there will be some important changes to @ChampionsLeague, @EuropaLeague & #SuperCup regulations:
? 4th substitute
? Expanded squads for finals
⏱️ New kick-off times
? Player registrationRead more ?https://t.co/9PjPXH6Ics
— UEFA (@UEFA) March 27, 2018
Се воведува и нова сатнива на натпреварите од Лигата на шампиони. Имено нема сите натпревари да започнуваат како до сега од 20:45, туку половината ќе бидат од терминот од 18:55, а останатите од 21:00 часот.
После групната фаза во Лигата на шампиони, секој клуб ќе има можност да пријави по тројца нови фудбалери.
Суперкупот на Европа оваа година ќе се одигра во Естонија на 15-ти август во 21:00 часот.
Клуб кој три пати со ред го освојувал трофејот на Лига Европа, или го подигнувал трофејот 5 или повеќе пати, ќе носи специјален амблем на дресовите, иако како и во Лигата на шампиони.
За следната сезона такво право ќе има единствено Севиља, која е петкратен победник на натпреварувањето.
From next season, teams who have won the @EuropaLeague (previously UEFA Cup) 3 consecutive times, or a minimum of 5 times, may also wear a multiple-winner badge on the shirt sleeve #UEL ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️ pic.twitter.com/C3AbkTKuft
— UEFA (@UEFA) March 27, 2018