БОМБА од Лондон: Абрамович спреми 150 милиони за Асенсио


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е спремен да го одврзе кесето за да ја донесе на „Стенфорд Бриџ“ ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Шпанецот е на врвот на листата желби на „сините“ во летниот преоден рок и рускиот милијардер нема да жали пари за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“, тврди „Дон Балон“.

Од Челзи веќе поспоставиле контакт со неговиот менаџер и започнале првични преговори за евентуален трансфер. Иако не е прв избор кај Зидан, од Реал нема лесно да се разделат со својата ѕвезда.

Се очекува „кралевите“ за Асенсио да побараат сериозна сума од околу 150 милиони, но медиумите тврдат дека Абрамович е спремен да ги задоволи апетитите на Реал Мадрид.

Клучна улога во трансферот на Асенсио на „Стенфорд Бриџ“ ќе има евентуалниот трансфер на Нејмар. Доколку Бразилецот пристигне на „Сантиаго Бернабеу“, тогаш Шпанецот самиот ќе побара трансфер.

Притоа, се поизвесно е дека од следната сезона на клупата на „сините“ ќе седи Луис Енрике, кој ќе може да го убеди својот сонародник да го избере Челзи.