Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раководството на Борусија Дортмунд покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Милан, Патрик Кутроне, пренесуваат италијанските медиуми.
Кутроне оваа сезона е најпријатното изненадување не само во Милан, туку и во цела Серија А, а пред неколку дена и дебитираше за италијанската репрезентација.
Борусија Дортмунд е секогаш внимателна со млади таленти, па веќе извесно време го следи Кутроне и наскоро ќе испрати понуда за неговиот потпис.
Сепак, Милан нема никаква намера да се откаже од 20-годишниот голгетер, кој е продукт на школата на „роснерите“. Имено, италијанскиот гигант веќе започна преговори за продолжување на договорот на Кутроне до 2023 година.
„Почестени сме од интересот на Дортмунд и некои други големи клубови, но нашиот приоритет е останување во Милан. Започнавме разговори за продолжување на договорот и нема да има никакви проблеми. Патрик го сака Милан и неговата желба е што е можно подолго да остане на Сан Сиро“, изјави агентот на напаѓачот.