ДРАМА НА ТЕРЕНОТ:Шкртел се онесвести, го спасија соиграчите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Мартин Шкртел, доби удар со топка во глава и се онесвести на теренот.

На мечот меѓу Тајланд и Словачка во 27-та минута се случи непријатен момент. Домашниот играч Сонгкрасин во една полуконтра се обиде да одигра кон средината и го погоди со топка во глава Мартин Шкртел.

Прв му пријде соиграчот од репрезентацијата Ондреј Дуда, кој му го извади јазикот од уста на Шкртел, а набргу на терен истрчаа и докторите од медицинскиот тим на репрезентацијата на Словачка.

Потоа Шкртел успеа да си дојде при себе и да се врати во игра, но 15 минути пред крајот на средбата го напушти теренот.