Жерновски од ЛДП и Саздовски од ГРОМ нови членови на Централниот одбор на СДСМ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившиот член на ЛДП, Андреј Жерновски, како поранешниот пратеник од ГРОМ, Чедомир Саздовски, заедно со Костадин Костадиновски  се избрани за нови членови на Централниот одбор на вчерашната седница на владејачката партија.

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија синоќа ја одржа петтата седница, на која како што се соопштува во партиското соопштение, членовите дискутирале за актуелната состојба во државата, спроведувањето на реформите, политиките за подобар живот на граѓаните, зголемување на животниот стандард и внатрепартиските активности.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавил дека започнува разговори со други политички субјекти за зголемување на парламентарното мнозинство.

-Оваа недела започнувам разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Целта е, преку разговор со други политички субјекти да обезбедиме поширока поддршка на реформскиот процес и на реализација на Планот 3-6-9. Во оваа насока оставаме простор, преку политички дијалог и со опозицијата, клучните закони, за коишто е потребно пошироко мнозинство, да бидат донесени и со учество на опозицијата, рекол Заев.