Дечкото од исчезнатата македонска актерка се самоуби – полицијата смета дека и таа е мртва


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Човек за кој се верува дека ѝ бил дечко на исчезнатата македонска актерка во САД Адеа Шабани, актерот Крис Споц, во четвртокот вечерта се самоубил откако беше гонет во полициска потера во Калифорнија, објавија неколку калифорниски медиуми.

По овој немил настан, се интензивираше потрагата по моделот и актерка што исчезна во Лос Анџелес минатиот месец, објави Пипл.

Според Фокс-11 Лос Анџелес, полицијата го гонела човекот од Хесперија до Корона со неименуван сопатник, а потоа тој со пиштол се застрелал во главата и починал веднаш.

Тој е идентификуван како глумецот Кристофер Спотц (33) од Северен Холивуд, објави Си-би-ес Лос Анџелес.

Спотц управувал украдена „Тојота такома“, за која властите веруваат дека била „веројатно употребена во убиство што се случило во округот Лос Анџелес“, рекол полициски службеник за Си-би-ес. Не се познати дополнителни детали за случајот.

Ен-би-си-4 Лос Анџелес, повикувајќи се на полициски извори, објави дека Спотц бил во врска со Шабани. Тие, исто така, објавија дека „се вратил во Јужна Калифорнија од Колорадо“, каде што бил со друга жена: неговата свршеница.

Пријателите на Шабани неколку дена по нејзиното исчезнување отишле во полициската станица во Лос Анџелес и рекле дека добиле анонимен телефонски повик. Јавувачот, наводно, видел како Спотц ја става Шабани во задниот дел на пикап-камионче. Изгледало дека е „дрогирана и во опасност“, тврдел јавувачот.

Во почетокот на месецов семејството Шабани понуди награда од 25.000 долари за информации што би довеле до Шабани.

25-годишната Адеа исчезна на 23 февруари, кога последен пат била видена во блокот 17:00 на Вилкокс авенија, недалеку од местото каде што живее.

Блиски пријатели на Споц и Шабани не ја негирале интимната поврзаност на двајцата актерки, но како што тврдат, тој не и бил момче на Македонката.