Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефанзивецот на Пари Сент Жермен, Томас Муние изјави дека тренерот Унаи Емери нема да го води тимот следната сезона.
Најверојатно белгискиот репрезентативец има инсајдерската информација, бидејќи се уште нема ништо официјално околу евентуалната разделба на Шпанецот со „светците“.
Муние беше прашан за својата иднина, бидејќи оваа сезона не добива голема минутажа во ПСЖ.
„Чекам, бидејќи на лето многу работи ќе се променат. Поточно мислам на нашиот тренер, кој нема да биде на клупата следната сезона“, изјави Белгиецот.
Емери не успеа да ја оствари основната цел на ПСЖ оваа сезона, а тоа е Лигата на шампиони, бидејќи беше елиминиран во осминафиналето од Реал Мадрид.
FEATURE | In Defence of Unai Emery – why the Spaniard's reign was doomed from its inception & how PSG have spent the last 2 years standing still https://t.co/9BJA4rsd0D pic.twitter.com/96W8j5hTZo
— Get French Football (@GFFN) March 23, 2018
Играчите на ПСЖ очигледно имаат информации дека Емери ќе биде сменет на крајот на сезоната, бидејќи пред два дена Ди Марија исто така потврди дека ќе има промени во клубот.