Ципрас: Следниот пат нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или слично!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За Грција има два клучни услови околу компромисот за името – едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение.

Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, по завршувањето на Европскиот самит на прашање на дописничката на МИА од Брисел за посетата на Никос Коѕијас денеска во Скопје.

Ципрас сериозно или на шега кажа и дека следниот пат новинарката нема да може да го употреби терминот Република Македонија.

„Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или било која друга опција. Имаме волја да го решиме овој проблем, но нема никаков притисок, никој не не тера. Ова не е егзистенцнионално прашање за нас, но е за нашите соседи“.

-Не треба да биде олеснета верзија туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог помеѓу народите. Името треба да биде за севкупна употреба. Меѓународна, билатерална, но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во ОН, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот, додаде тој.

Во последната своја изјава, Ципрас ги потврди тврдите ставовите на Грција за егра омнес употреба на новото име на Македонија. Тој констатираше дека овој проблем не е егзистенционален за Грција и дека неговата земја е во подобра позиција од Македонија, бидејќи проблемот е егзистенционален за нашата држава.

Димитров на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега единствено упати критика кон начинот на пишување и преведување на најавеното ново име на државата.