Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопругата на францускиот претседател, Бриџит Макрон свечено го отвори првото кафуле во Париз во кој гостите ги услужуваат исклучиво личности со Даунов синдром или аутизам, јавуваат француските медиумите.
Во друштво на Бриџит Макрон и членови на француската влада, во средата се запознаа келнерите во „Веселото кафуле“.
„Ги повикувам сите оние кои сакаат да пробаат, на пример, некоја салата, или сендвич во „Веселото кафуле“, бидејќи тоа е добро за сечие ментално здравје“, истакна Бриџит Макрон на отворањето на кафулето.
Еден од келнерите изјави пред новинарите дека новата работа е „супер лесна“, бидејќи сите „весели луѓе имаат доверба едни во други, но и обврски“.
Основачот на кафуелот, Јан Бикај Ланзерак, има намера да развие ланец од вакви угостителски објекти кои ќе го оддржуваат „светот таков како што е, со сите наши разлики“.
Инаку, ова е второ „Весело кафуле“, откако првото е отворено во Рен во декември 2017. година.