Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поканите за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл ги изработи фирмата Бернард и Вествуд со која кралското семејство соработува уште од 1985. година.
Принцот Хари и Меган Маркл конечно испратија 600 покани на адреса на гостите кои ќе присуствуваат на нивната венчавка. Но, нема сите да имаат шанса да ги видат сите три дела од свадбата, како што е церемонијата поделена.
Имено, сите 600 гости ќе бидат на овредот на венчавање, како и на ручекот во салата свети Џорџ во дворецот Виндсор, но шансата за танц на вечерната забава ќе ја имаат само 200 најблиски гости.
Од гостите исто така се бара посебен дрес код. Момците се замолени да дојдат во воена облека или капут, додека жените и мажите се обврзани да дојдат со шешир.
Поканите имаат позлатен раб, напишани се со курзив, а принтани се на англиска хартија и го содржуваат грбот на принцот Чарлс, кој според традицијата, гостите ги повикува на свадба. На поканите јасно пишува „Неговото кралско височество, принцот од Велс, бара задоволство со вашето присуство на венчавката на принцот Хари од Велс и госпоѓицата Меган Маркл“.
Прот ќе се венча на 19. мај во капелата свети Џорџ.
https://www.instagram.com/p/Bgomf2HAtvs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi_test