Жорж Веа е претседател на Либерија, а неговиот син ќе игра за САД


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот најадобар фудбалер на светот и ѕвезда на Милан и ПСЖ, Жорж Веа влезе во политичките води, а неодамна стана и претседател на Либерија.

Неговиот син Тимоти е голем талент, член е на ПСЖ, а оваа сезона дури и дебитираше за сениорскиот тим на „светците“.

Она што е интересно е што Тимоти доби повик да дебитира за репрезентацијата на САД на 27-ми март, кога Американците ќе одиграат пријателски меч против Парагвај.

Инаку, Тимоти е роден во Бруклин во 2000 година, во време кога неговиот татко како позајмен фудбалер настапуваше за Челзи. Детствто го мина во Бруклин, а потоа се преселил во Пембрук Пејн на Флорида, каде играше за Вест Пејнс јунајтед.

За младинските селекции на САД има одиграно 14 натпревари, а во октомври минатата година блескаше на Светското првенство за играчи до 17 години.