„Има се, може се“: Саудискиот принц списка над милијарда долари на само три нешта


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман гостуваше во емисијата 60 Minutes TV на CBS, каде одговори на серија прашања за улогата на исламот, женските права, затворањето на саудиските принцови, но и за своето богатство.

Најнапред изјави дека е свесен оти во Саудиска Арабија е доминантна ултраконзервативната интерпретација на исламот, поради што на жените им се одземени човечките права.

„Бевме жртви, посебно мојата генерација, која најмногу прострада“, изјави за ултраконзервативниот бран кој ја зафати нивната земја во 1979 година. Тој минатото лето ветуваше дека жените во Саудиска Арабија ќе смеат да возат автомобили.

Жените се апсолутно рамноправни со мажите. Сите сме човечки суштества и меѓу нас нема никакви разлики“, изјави тој.

После неговото доаѓање на власт беа ублажени одредбите за тоа што смеат да носат жените, зголемено беше нивното учество во работната сила, а се работи и на изедначување на платата на жените и мажите.

Кога станува збор за домашниот притвор на повеќе од 80 саудиски принцови, бизнисмени и бивши министри во владата, кои Мохамед ги затвори во хотелот Риц-Карлтон во Ријад, тој изјави дека морал да го направи тоа.

„Тоа што го правиме во Саудиска Арабија е многу важно и потребно, сето тоа е во склад со законите“, изјави принцот.

Му се замерува и за трошењето на своето богатство, додека јавно говори за фискалните одговорности и новите даноци. Во медиумите се појавија информации дека потрошил над 1,2 милијарди долари на јахта (500 милиони), француски дворец (над 300 милиони) и уметничка слика за 450 милиони долари.

„Што се однесува на моите приватни трошоци – богат сум, не сум сиромав. Не сум ниту Ганди, ниту Мандела“, беше краток и одлучен тој.