Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вербата во својот внук утре би можела да му донесе огромна сума на пари…
Дедото на фудбалерот на Бурнемоут, Левис Кук, во 2014 година уплатил 500 фунти и се обложил дека неговиот внук до 26 роденден ќе го заигра за репрезентацијата на Англија.
Во моментот кога гордиот дедо се обложил неговиот внук Кук имаше само 18 години. Обложувалниците му понудиле коефициент 33/1, тој вложил 500 фунти и ако Кук во наредниот период одигра барем една секунда неговиот дедо ќе добие 17.000 фунти.
Англија утре ја очекува пријателски натпревар со селекцијата на Холандија и доколку Саудгејт му даде прилика на Кук, неговиот дедо ќе има двојна прилика за радост.
„Луис еднаш доби покана но не заигра за репрезентацијата и сега очигледно е дека ќе дебитира, не зошто дедо му се кладел за него, туку Луис игра во одлична форма сезонава и тоа како заслужи да биде повикан, така што да се надеваме дека може уште повеќе и дека ќе дебитира во следните неколку дена“, изјави портпаролот на „Вил Хил“, Џое Крајли.