Каталонија не изгласа претседател – нови избори на повидок?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мнозинството членови на каталонскиот парламент, кои се силни заложници за отцепување на покраината од Шпанија и осамостојување, вчера не успеаја да изберат регионален претседател, со што останува отворена опцијата за нови избори после два месеци.

Кандидатот Џорди Турул не го доби потребното мнозинство поради поделеноста меѓу трите партии кои се залагаат за независност од Шпанија.

На Турул му беа потребни 68 гласови, но доби само 64 поради тоа што претставниците на антикапиталистичката партија КУП кои беа воздржани при гласањето.

Каталонскиот парламент сега има рок од два месеци да избере претседател и да формира влада, но доколку не успее, ќе следуваат нови избори.

Според правилникот, Турул нова шанса за избор ќе има в сабота.

Меѓутоа, Турул, кој беше министер во претходната влада во петок има рочиште на кое може д абиде обвинет и ставен во затвор поради бунт.