Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доказ дека никогаш не треба да се губи надежта…
Изминатата година, Лина Далбек од Морден, јужен Лондон примила порака од непознат број, за што се претпоставува дека е испратена по грешка.
Пораката која гласела „Девојачки пат“ ја испратил Мајк Евангелоу од Колиерс Вуд, јужен Лондон, на број за кој мислела дека е него, за да ја потсети дека треба да гледа филм во кино.
Меѓутоа, бил шокиран кога примил одговор „Здраво! Девојачки пат? Кој е тоа? Претпоставувам дека е наменето на некоја друга Лина“.
Откако увидел дека пораката е испратена на странец, парот продолжил да се допишува во обид да откријат што точно се случило.
Покрај тоа што никогаш порано не се сретнале, Далбек и Евангелоу зборувале неколку часа, пред да се договорат да се најдат на пијачка, подоцна таа вечер.
„Почнавме да зборуваме. Мислам дека да не бев сингл, не би продолжила да се допишувам“, вели Лина.
„Ја погледнав фотографијата на неговиот профил и беше привлечен“.
Парот се нашол во ресторан во Вотерло, само четири часа откако била испратена првата порака. Се бакнале подоцна таа вечер и се договориле да се видат утредента на доцен појадок.
„Беше толку привлечен. Многу зборуваше, но сфатив дека тоа е затоа што беше нервозен. Беше навистина неодоливо“, додаде Лина.
„Двајцата бевме збунети од целата ситуација – бевме на состанок само четири часа откако се испрати првата порака. Бевме убедени дека судбината не спои“.
Она што следеше е вртоглава романса која ниту еден од нив не ја очекувал, а само две недели по нивниот прв состанок, Евангелоу ја запросил.
„Зборувавме за нашите сништа и му кажав дека отсекогаш сум сакала да живеам во Дубаи“, објасни Далбек.
Мајкл и кажал: „Ајде тоа да го направиме, ајде да живееме заедно“.
Му објаснив дека тоа е муслиманска земја и дека би требало прво да бидеме венчани за да можеме да живееме заедно.
„Тоа не беше наговестуваее, но тој рече: „Ајде тогаш тога да го направиме. Ајде да се венчаме.“ Го прашав дали е сериозен и ме убедуваше дека е. Истакна: „Сакам да го поминам остатокот од својот живот со тебе, Лина“. Иако седевме дома со запален телевизор, беше романтично. Знаев дека сакам да се венчам со него“.
Парот се венчал на 7. декември пред 30тина гости во Морден Парк, и додека нивните родители им пружиле полна поддршка, признаваат дека некои пријатели и дел од семејството имале помешани реакции.
„Повеќето од нашите пријатели мислеа дека малку сме полуделе, но се сложија дека ќе знаат ако е тоа вистинското и дека во животот нема гаранции“, истакна Лина и додаде:
„Моите и родителите на Мајкл беа воодушевени. Веќе бев запознаена со неговата мајка, но бидејќи моите живеат во Шведска, тие не го запознаа Мајкл се до денот пред венчавката. Беа среќни поради нас – мислеа дека е брзо, но не доведуваа ништо во прашање“.
Далбек и Евангелоу не можат да веруваат колку животот им се променил од една случајна порака и се уште сакаат да зборуваат на пријателите како се запознале.
Во март, парот заминува во Дубаи каде Далбек планира да почне школување за шминка и со деца во план, парот инсистира дека нивната приказна е лекција за останатите да не се откажуваат од љубовта.
„Јас се откажав од љубовта, а тогаш Мајкл ја испрати таа порака и буквално слета во мојот живот. Мојата приказна на сите им дава надеж – никогаш не се откажувајте. Тој е мажот од моите сни и тоа е судбина. Универзумот има нешто со тоа, и тоа е сигурно“, завршува Далбек.