Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред три години, IT консултантката Алис и нејзиниот сопруг Ерик, кој работи во финансиски сектор, почнаа да имаат секс со други луѓе со слични погледи и размислувања како нивните, после што Алис ги открива своите најдлабоки сексуални фантазии.
„Му кажав на Ерик дека сонувам да ме задоволуваат двајца мажи истовремено. Мислев дека сето тоа ќе остане само моја пуста желба и копнеж, но тој предложи малку да се позанимаваме со тој мој порив“, раскажува Алис.
Бракот им е поцврст од било кога
Пресвртна точка во нивниот однос било зачленувањето во клуб каде и двајцата ги откриле своите интереси за свингерај. „Обожавам да го гледам Ерик со други жени. Надреално и сочно е, тогаш чувствувам како расте моето лично задоволство, додека мојот партнер некоја друга жена ја доведува до оргазам“, открива Алис.
И додека и двајцата се колнат дека нивниот брак е постабилен од било кога, овој австралиски брачен пар секој месец својот брачен кревет го дели со еден куп странци.
Имаат правила
Иако се сексаат со странци, си имаат поставено ограничувања до кои се придржуваат. „Ерик и јас имаме правила. Секогаш си играме заедно, никогаш одделно. Целата идеја е ова да го подобри нашиот љубовен живот, така што мора во секој миг барем да можеме да се видиме, ако не да се допреме“, објаснува Алис.
Кога парот не е во свинг акција, тие се сосема обични канцелариски службеници. Своите сексуални излети ги чуваат само за себе, па ниту нивните семејства, ниту пријателите не знаат со што се занимаваат во слободно време.