Упорни пратеници: Во косовскиот парламент повторно фрлен солзавец (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претставниците во законодавниот дом во Косово од движењето Самоопределување Фиторе Пацоли и Џелал Цвеќла фрлија солзавец на седница на косовското собрание, со што го спречија почетокот на гласањето за нацрт-законот за ратификување на договорот за демаркација со Црна Гора, пренесува РТС.

Поради солзавецот беше спречен обидот на владејачките партии да гласаат за договорот што е услов на Европската Унија за косовските граѓани да добијат визна либерализација. Седницата е прекината додека не се исполнат условите за нејзино продолжување.

Ова е четврти обид на косовското собрание да го ратификува договорот за демаркација со Црна Гора. За изгласување се потребни две третини од гласовите на пратениците, или 80, од вкупно 120 пратеници.

За повеќе од две години, кон крајот на мандатот на претходната влада и поранешниот премиер Иса Мустафа, обединетата опозиција, во која и Алијансата за иднината на Косово на Харадинај, беше жестоко против ратификација на демаркацијата, а седниците на кои ова прашање би се нашло на дневен ред обично беа прекинувани токму поради фрлен солзавец.