Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако веќе цела деценија се води голема битка кој е најдобар фудбалер на светот – Меси или Роналдо, според Институтот за фудбалска историја и статистика, ни еден од нив не ја има титулата најскап фудбалер на светот.
Меси и Роналдо веќе десет години доминираат во светскиот фудбал, па затоа бројни фанови беа изненадени кога ЦИЕС за најскап фудбалер на светот го избра англискиот репрезентативец и ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн.
Двете најважни вредности кои се замеаат во предвид се парите потрошени за купување на играчот и неговата моментална вредност. Поради тоа ЦИЕС ѕвездата на „спарси“ ја проценува на 198 милиони евра, еден повеќе од Лео Меси.
Top 50 potential transfer benefits available in issue number 219 of the @CIES_Football Weekly Post at https://t.co/7zwEOzFEAw ? But will their teams transfer them? Will they want to move? pic.twitter.com/gyOyv9uPQz
— CIES Football Obs (@CIES_Football) March 19, 2018
Двајцата се фудбалери кои потекнуваат од младинските школи, па за нив Тотенхем и Барселона не потрошиле ни евро за отштета. Поради тоа Кејн и Меси имаат најголема потенцијална вредност.
Трет на листата најскапи фудбалери е Деле Али, па следуваат Гризман, Дибала, Салах, Рашфорд, Инсиње, Левандовски и Саул Нигез.
Поради тоа не чуди податокот што Роналдо го нема ни во Топ 50, бидејќи за неговиот трансфер Реал Мадрид потроши 94 милиони евра, а претходно Јунајтед на Спортинг му плати 15 милиони евра.
Some intriguing numbers from #CIES Laboratory in terms of the gap between fee paid and their present value of players. #THFC Harry Kane at the top with a difference of €198 million which seems broadly right. Some others will provoke heated debate. https://t.co/ohdgFbEQgP pic.twitter.com/D6Zjh7bIWQ
— PriceOfFootball (@KieranMaguire) March 19, 2018