(ФОТО)Добитно лото јајце: Босанка остана без џекпот, откако кокошката и ја снесе добитната комбинација


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доста Комлјеновиќ, мештанка на Челе кај Приједор, има кокошка која снела едно чудно јајце, а благодарение на истото можела дури да добие и на лото.

Така, добро би можела да го поправи својот домашен буџер, а кокошката, би била добро наградена.

„За неа ќе направев посебен кокошарник. Да ужива“, се пошегува Доста, која јајцето, на кое се наоѓаат броеви, љубоморно го чува и го покажува на заинтересираните.

Имено, на врвот на јајцето било нешто шарено. Се обидела да го исчисти, но не одело. Тогаш ги здогледала броевите.

„Имаше шест бројки и можеа да се видат убаво, тројка, деветка, шестка.. Го повикав синот и му кажав што најдов. Никој од нас не е суеверен, но го послушав советот и одиграв лото. Сопругот го плати ливчето, но обична комбинација. Уште додал четворка и за жал ништо не добив“, вели Доста.

На тоа потполно заборавила, за после неколку дена броевите од јајцето да бидат извлечени во џекпот. И немало добитници.

„Не ми беше лесно кога го видов тоа, но што да правам, одиме понатаму. Редовно ќе ја играме истата оваа комбинација, па којзнае, можеби и ќе ни се посреќи, а можеби кокошката ќе снесе уште едно јајце со нови добитни броеви. Чудата сепак се случуваат“, со насмевка заклучи (не) среќната Босанка.