Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од вработените во доставувачката компанија „Федекс“ е повреден изутринава, при експлозија на пакет-бомба пред филијалата на компанијата во градот Шерц, во близина на Сан Антонио во американската сојузна држава Тексас.
Претставник на локалната полиција соопшти дека пакетот, кој покрај експлозивната направа содржел и шајки и шрапнели, експлодирал нешто по полноќ по локално време (7 часот по средноевропско време).
Денешната е петта експлозија на пакет-бомба во Тексас овој месец. Во претходните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент, а четири лица беа повредени.
Пакетите не беа доставувани по пошта или преку приватни курири, туку во текот на ноќта биле оставени на куќниот праг на жртвите.
Властите засега немаат сознанија кој стои зад пакет-бомбите.