Наградена со еден милион долари: Таа е најдобрата учителка на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британската учителка Андрија Зафираку е ја доби овогодинешната финансиска награда во висина од еден милион долари откако беше прогласена за најдобра учителка на светот.

Наградата ѝ беше доделена на Глобалниот форум за образование во Дубаи. Таа се најде меѓу 50 финалисти.

Глобалниот форум за образование и вештини се одржува шести пат и претставува најзначаен светски собир на лидери во образование.

Меѓу оние што одржаа говор на Форумот беа Никола Саркози, Ал Гор, Џулија Гилард и Ирина Бокова.