Феномен: Не им веруваат дека се близначки бидејќи имаат различна боја на кожата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мили и Марсија се 11-годишни близначки од британски Бирмингем кои претставуваат многу редок природен феномен. Причина за тоа е бојата на нивната кожа – додека едната има светол тен, другото девојче има кожа со темен тен. За ситуацијата да биде уште поинтересна, тие на раѓање имале иста боја на кожа.

Марсија денес има бела кожа, сини очи и плава коса, како нивната мајка, додека Мили има темна кожа, кафеави очи и црна коса и личи на нивниот татко, кој е од Јамајка.

Овие девојчиња, кои својата несекојдневна приказна ја раскажале за „National Geographic“, веќе се свесни што значи расизам и секојдневно се соочуваат со прашањето „дали навистина се близначки“.

Нивните родители велат дека не се грижеле за мислењата на другите луѓе кога започнале врска. Каде и да се појават, близначките ги привлекуваат погледите и вниманието на луѓето.