Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија по втор пат досега е дел од Интернационалниот проект „Фудбал за пријателство“. Оваа година, проектот на Компанијата „Газпром“ ќе обедини деца од 211 земји и региони. Новата, шестта сезона на проектот официјално беше отворена со одржување на „отворена ждрепка“ во Москва.
„Фудбал за Пријателство“ е Интернационална детска општествено-одговорна програма имплементирана од компанијата „Газпром“ – официјален партнер на ФИФА и Светскиот куп Русија 2018. Цел на оваа програма е вклученост на младите генерации ширум светот преку промовирање на најважните човечки вредности меѓу нивните врсници – пријателство, еднаквост, мир и почит кон различни култури и националности. Оваа година, вкупно 211 земји и региони се приклучија кон проектот. Главните настани од оваа сезона ќе се одржат во Москва, Русија, во период од 8 до 15 јуни годинава.
Вкупно 32 Интернационални тимови на пријателство беа формирани во текот на „отворената ждрепка“, во чии рамки беа определени и позициите за младите фудбалерски играчи – амбасадори од секоја од земјите учеснички (голман, дефанзивец, играч од среден ред или напад). Деца – фудбалери од различни националности, различен пол и со различни физички способности, на возраст од 12 години, ќе играат заедно во еден тим.
Овие 32 тима ќе се натпреваруваат во рамки на Светското првенство на фудбал за пријателство кое ќе се одржи на 12. јуни. Како еколошка иницијатива, во рамки на овогодинешната сезона на „Фудбал за пријателство“, сите 32. Интернационални тимови за пријателство се именувани по животни од загрозен вид од сите континенти во светот.