Путин победи на претседателските избори во Русија – еве го победничкиот говорот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со победата на последните претседателски избори во Русија, рускиот претседател Владимир Путин освои нов шестгодишен мандат на најмоќното руска политичка позиција. И покрај бројни извештаи за прекршување на изборниот процес, резултатите на Центалната изборна комисија по затворањето на избирачките места покажаа дека од 80 отсто изброени гласачки ливчиња, Путин освоил над 76 проценти од гласовите.

„На Русија ѝ е потребен напредок и ние ќе го направиме заедно“, кажа Путин. „Потребно е да се надминат предизвиците и да се решат задачите кои се наоѓаат пред земјата“.

Тој смета дека е важно различните сили во развојот на земјата да не се водат од интересите на клановите, туку од националните интереси.

Тој потсети и на случајот со труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипаљ во Велика Британија. „Да беше тоа отрвона супстанца, луѓето веднаш ќе умреа. Русија е спремна да соработува во овој случај, но потребно е другите земји да покажат интерес за тоа“.

„Русија нема хемиско оружје. Го уништивме, за разлика од нашите партнери. Тоа е глупост, никој не би направил такво нешто“, додаде рускиот претседател.

Путин најави и промени во владата по инаугурацијата.

„Воопшто, сите промени во владата треба да ги направи претседателот по стапувањето на должност во новиот мандат, и затоа ќе мислам сега на тоа и како да се направи“, кажа тој, и истакна дека „главните промени ќе се случат по инаугурацијата“ на 7 мај.

„Ќе направиме сѐ за Украинците да се чувствуваат дома во Русија“, кажа рускиот претседател. Тој додаде дека го смета за срамно ограничувањето на правата на руските граѓани во Украина да гласаат за претседател на Русија, но дека Москва ќе одговори на тоа.

„Тоа е безобразлук, тоа е кршење на општопризнатите меѓународни норми. Русија ќе одговори на тоа“, им кажа тој на новинарите.

Кина е стратегискиот партнер на Русија и на Москва многу ѝ значи тоа партнерство, кажа Путин.

„Сега нема да зборувам за конкретните насоки на нашата соработка, но сметаме дека тоа се усогласува со нашите проекти за изградба на Евроазиски економски сојуз, изградба на евроазиското партнерство во поширока смисла на зборот. Нашите интереси за тоа се исто“, кажа Путин.