Неверојатно: Романец не може на суд да докаже дека е жив!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според годишната анкета направена од „Economist Intelligence Unit“ (EIU), Сингапур 5-та години по ред ја потврди првата позиција како најскап град во светот, и тоа поради огромните трошоци за сопствениците на автомобили.

Еден романски државјанин од градот Васлуј, не успеа пред локалниот суд да докаже дека е жив!

Имено, судот го одбил барањето на 63-годишниот Константи Релиу за поништување на посмртниот лист издаден во 2016 година на негово име, бидејќи „многу доцна поднел жалба“.

Релиу, кој на почетокот од 1990-те заминал на привремена работа во Турција, во јануари 2018 година се вратил во Романија. Таму властите го известиле дека семејството ги прогласило мртов бидејќи немало никакви вести за него.

„Официјално сум мртов, иако сум жив. Немам приходи и поради тоа што сум регистриран како починат не можам да најдам работа“, изјави Релиу.