Писмо со закани и куршум за Коѕијас


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на нашиот јужен сосед, Никос Коѕијас повторно добил заканувачко писмо и куршум. Причина за тоа се прашањето за името и преговорите што се во тек, објави весникот „Та неа“, а пренесува МИА.

Весникот пишува оти на почетокот од неделава во грчкото Министерството за надворешни работи пристигнал куршум завиткан во писмо адресиран до Коѕијас, но дека не е целосно познато што точно се случило и дали функционирала или не безбедносната мрежа во Министерството за откривање на сомнителни писма и пратки.

Куршумот, заедно со дописот биле веднаш испратени до полицијата за да се направи истрага и да се открие испраќачот.

Според досегашните најави Коѕијас следната недела треба да допатува во Скопје на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.