Што е постаро – јајцето или кокошката? Научниците ја решија дилемата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едно од најексплоатираните прашања во историјата на човештвото, како на најелементарна, така и на симболичка и метафорична основа, е дилемата дали е постаро јајцето или кокошката?

Луѓето често како одговор го одбираат „јајцето“ со аргумент дека на тој начин уште диносаурусите доаѓале на свет. Сепак, научници од Универзитетот Шефилд и Универзитетот Ворвик имаат поинаков одговор.

Нивно истражување покажало дека лушпата од јајцетo може да настане само од протеин што се произведува во јајцата од кокошки, што значи дека кокошката морала да постои пред јајцето. Се работи за протеинот OC-17 и дејствува како катализатор кој го забрзува развојот на лушпата, а тврда лушпа е неопходна за заштита на жолчката во која се развива пилето.

Научниците користеле суперкомпјутер HECToR, за да ја зумираат внатрешноста на јајцето и да го следат неговиот развој. Тие откриле дека протеинот OC-17 е клучен за поттикнување кристализација во раните стадиуми од развојот на лушпата, така што калциум карбонатот се претвора во кристали калцит, кои ја сочинуваат лушпата.

Кристалите калците можат да се најдат во коските и оклопите на разни животни, но кај кокошките се создаваат многу побргу во однос на која било друга врста.