Кој друг, ако не машина: Робот постави рекорд во сложување Рубикова коцка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


0,38 секунди – толку му беа потребни на роботот кој го конструираа Бек Кац и Џаред ди Карло за да ја реши Рубиковата коцка, време кое претставува нов рекорд во решавањето на фамозната коцка.

Кац
и ди Карло роботот го конструирале од две камери и шест мотори, кои ги приспособиле да работат секој независно, а не истовремено. Тие тврдат дека со извесни модифицирања, роботот може да биде и побрз.