Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најавените измени во Законот за нотаријат беа причина за еснафски несогласувања меѓу здруженијата на адвокатите и на нотарите.
Адвокатите стојат на ставот дека на нотарите им се даваат овластувања за кои не се квалификувани, нотарите, пак, сметаат дека адвокатите сакаат да го искористат своето влијание во општеството, пренесува Радио Слободна Европа.
Адвокатите кои деновиве ги критикуваат измените на законот за нотаријат, со кои им се одземаат дел од ингеренциите, повикуваат и на измени на концептот на нотаријатот во Македонија, оценувајќи дека тој има сериозни аномалии. Според нивните согледувања, на нотарите им се дадени овластувања за кои не се квалификувани. Спорна е целокупната постапката како нашиот систем успеал судска надлежност која ја вршеа судии со положен правосуден испит и со одредено искуство да се префрла кај луѓе кои тоа го немаат, вели адвокатот Александар Тортевски.
Паралелно со ова адвокатите велат дека бараат и намалување на трошоците на граѓаните.
Законот за нотаријат беше донесен пред две години и вклучуваше задолжителното присуство на адвокат во определени постапки пред нотарот. Со измените тоа повеќе не е така.
Нотарите сега критикуваат дека адвокатите се обидуваат да ја искористат нивната бројност и влијание во општеството за да го вратат старото законско решение и укажуваат дека претходно со него имало сериозни финансиски импликации за граѓаните.
Граѓаните не може да бидат задолжени во правните работи кои ги преземаат пред органите, во случајот пред нотарите, да бидат задолжени да се застапувани од адвокат, вели нотарот Насер Зибери.
Тој оценува дека адвокатите настојуваат да го вратат старото законско решение кое не е во служба на граѓаните, зашто финансиски ја обременува постапката.
И адвокатите, исто така, предлагаат да се намалат трошоците на граѓаните, но и оние врз чиј грб досега енормно профитирале група нотари и извршители.
Изминатиов период, додека траат препукувањата помеѓу овие две еснафски здруженија, адвокатите најавија штрај доколку се донесат законските измени со кои им се даваат поголеми права на нотарите, а се одземаат ингеренциите на адвокатите.