Семејни потреси во кланот на Трамп: Се разведува најстариот син на Доналд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Највозрасниот меѓу наследниците кои ги има американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот син Доналд Јуниор, се разведува од сопругата Ванеса после 13-годишен брачен живот, пренесува Boston Globe.

Доналд Јуниор со сите напори се обидуваше да одржува среќна слика на неговото семејство најмногу заради претседателската функција на неговиот татко и не сакал со својот развод, семејството да го носи во ситуација уште повеќе да ги критикуваат.

Но, откако на површина испливала аферата на неговиот татко и порно актерката Сторми Даниелс, тој решил дека повеќе не може да ја крие вистината за неговото семејство и поднесе документи за развод.

„Планот им беше да останат во брак се додека трае претседателскиот мандат на Трамп, но нивните несогласувања биле сè поголеми и Ванеса веќе не можела да трпи тоа што Доналд никогаш не бил дома заради работата во претседателската канцеларија и дека никогаш не се грижел за своите деца“, рекол извор близок на парот.

Доналд Јуниор и Ванеса се венчаа во 2005 година и имаат пет деца.