Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
(ФБ статус на Каролина Ристова- Астеруд)
Нема простување, многу добро знаат што прават! И нема бегање веќе! Рамковниот и Уставот се целосно поништени со ЗУЈ 2018. Ако и Уставниот суд не се покаже на висината на задачата, тогаш целосно доаѓаме во ситуацијата на незаконско право, за кое лекот е само активирање на надзаконското право.
ЗУЈ 2018 мора да биде бојкотиран и со организирање на огромен отпор. Опозицијата не смее со ништо друго да калкулира освен со одбрана на уставот и автентичните уставни права на граѓанството кое го преставува, па и по етничка основа, па и по основа на етничките колективни права на истото, па и по основа на партија- потписник на Рамковниот. Дури, ако сакате така, може и да се каже дека се сменети улогите, сега Македонците ќе треба да се борат за своите права по Рамковниот!
Оние кои се самозалажуваат со релативизациите од типот на потсетувања на минатото силеџиство, упади во парламентаризмот и уставниот поредок на ДПМНЕ-ДУИ, нека престанат, нека прогледаат, и нека станат консеквентни , ова со ЗУЈ 2018 е исто, овојпат во организација на СДСМ-ДУИ. Она што е исто целосно заокружено и комплетно јасно е и следното: во пострамковна Македонија, на обезбедените заштитни механизми од тиранија на (етничкото) мнозинство, секако во прилог на колективните права на помалите/малцинските етнички заедници, најмногу и ефективно на албанската, обратнопропорционално и целосно се руинирани , речиси непостоечки, сите механизми од заштита од тиранија на (етничкото) малцинство, а ефективно во прилог на колективните права на мнозинската етничка заедница, Македонците. Двете главни политички партии кои се јадрото на политичкото преставништво на етничките Македонци, буквално и под уцена, со меѓусебно дриблање, ги „распродаваат“ колективните, а богами и индивидуалните, права и слободи на етничките Македонци, сите оние кои им следуваат и по Рамковниот и по Уставот , и по дух, и по слово, се на олтарот на коалиционите влади со етничките албански партии, во случајот ДУИ, која се деформира во наша фирер-партија, и која се подрско и се погрубо силува, и силува, и силува.
И, секако, заради набедената и упорно негувана културна парадигма, море и парадигма на колективната македонска психологија од 2001 наваму, дека се што ќе се побунат Македонците е национализам или национал-шовинизам, а се што ќе посакаат Албанците скраја да е од истите побуди и феномени, туку тоа небаре по аксиом е “борба за права”, “борба за рамноправност” , и тоа ем по колективна логика , ама и ем без пропорционалност, замисли тоа , туку баш како поништувачка , секако на штета на Македонците како мнозинска заедница , пред се, но и на сите други помали етнички заедници. Во истата таа пострамковна Македонија, по (не)реакциите меѓу Албанците за сите небулози во законот, дури и оние што врска немаат со јазичната проблематика, туку со некои други , уште побитни правни концепти, права и слободи, конечно стана јасно дека ДУИ всушност и Е соодветното и автентичното политичко преставништво на албанскиот национализам и национал-шовинизам како доминантен во заедницата, која не признава ниедно друго мнозинство, освен албанското, ама баш никаде каде има и Албанци.
И, бидејќи во Македонија етничките Македонци се значителното мнозинство, тие се решени да одат на тотално негирање на тој факт (настрана историјата како, зошто и заради кого е настаната македонската држава), и со инсистирање на воведување тиранија на малцинството – политичка и правна, збиберено и со бајаги безобзирно финансиско прелевање и угнетување, што ќе рече , изживување врз другите со нивни пари.
Сите феномени досега беа во прилог на тоа: сето тоа почетно непочитување на расселените лица кои се неалбанци да се вратат во своите домови ( и тука , а и за во Косово, ќутенка за Ромите , на пример); сето тоа недистанцирање и неосудување на воените злосторници и злосторниците против човештвото од редовите на ОНА и од својата етничка заедница, напротив , нивно амнестирање (па и “правно”!), а дури и ставање нивно на ударни и високи државни функции , небаре се за гордеење, а не за криење (а тоа споредбено и вообичаено е мерило за степен на цивилизираност, да тераш правда за гнасите во своите редови) ; сето тоа непочитување на правата на другите и на законите по општините каде се во мнозинство, но и во централните ресори што се раководат; сето тоа глумење лудило дека правичната и соодветната застапеност важи за сите етнички колективитети, не само за нив, па не може да се „бута“ повеќе од својот „процент“ на штета на другите таму каде „ми се може„; сето тоа непочитување на државното знаме (дури и откога се донесе законот за етничките знамиња, како ѓомити претходна причина зошто не), не само како прашање на закон, туку и како идентификација со земјата, со државата, истата онаа која го финансира Рамковниот, истата онаа која дава функции, позиции, слободи и права, баш и по етничката им основа ( а истото и за грбот, нема врска што е етнички неутрален, исто и со химната, оти ги заболе да се препознаат и себеси во „Македонците се борат за своите правдини“, или барем во мелодијата нејзина, оти, нели, мора Албанците да ги прават химните во сите држави кои умислиле дека треба да ги поседуваат во регионот, ма макар и последна дупка во Европа биле ); сето тоа фурање албанска еднојазичност во средините и општините каде се мнозинство во икс инстанци и ситуации, а спротивно од законот, и спротивно на фактот дека македонскиот е мнозинскиот јазик во земјата, не само за Македонците, туку и јазикот на разбирачка, соработка и интеграција со сите други помали заедници; сето тоа одбивање да се земе одговорност и да се примени самокритика за било кој феномен и „валкани алишта” на припадниците на својата етничка заедница , од криминал и корупција, преку сериозна даночна евазија и други свои давачки во прилог на заедничкото, на пропорционална основа (но не смета да се зема, секако) , дискриминација и повреда на права на другите, сосе по етничка основа, што уште не ( исклучок , само понешто строго само на албанска и меѓуалбанска основа ако е, на нивна штета од нивните, за другите кога е, ако е, треба и повеќе да им штети, зема , краде , итн., за тоа не се губат гласови, напротив ). Сега , со ЗУЈ 2018 сето тоа кумулираше и целосно се разголи. Се разголи, ама ептен! Секогаш ќе најдеш критична маса Македонци кои реагираат на било која реална или перцепирана повреда на колективните етнички права на Албанците, умерено и соодветно, па неретко и со надувана надкомпензација – ама баш секогаш!
Она што сега го гледаме, ама баш целосно „рацветано“ и „соголено“ е дека на прсти на една рака се бројат Албанците кои истото го прават во спротивната ситуација. Мнозинството од нив ама баш ги заболе за рамковните и уставните права на Македонците, они речиси сите си тераат “каузата “ ( секако , само они имаат право на тоа , ами како), да не се лажеме ама ич! И по тоа се гледаат многу , многу лоши намери! Со посебна сласт се исцртува ситење на сите оние замислени ситуации, по умот на овој закон, тотално спротивно од Рамковен и Уставот, кога Македонците би требало да комуницираат со преставници на државата од албанска припадност на македонски јазик, но преку преведувач, и сето тоа, на нивна сметка, не на сметка на таквиот државен преставник, тој не ни може тоа да го плати како дел од албанскиот колективит, ниту го плаќа со својот удел во јавните давачки, настрана ако почне да се засметува и преваленцијата во даночната евазија, ноторното неиздавање фискални во своите „екстериторијални“ пашалаци, и сл. Така да, нема бегање, од македонската сиромаштија ќе има бајаги префрлање пари на контото на ваквите јазични егзибиции на Албанците, кои апсолутно немаат импут тоа самите да си ги финансираат.
За другите квалитативни штети, особено во делот на правниот јазик, ефектот што тоа ќе го има врз другите права и слободи, ич муабет да не правиме. Меѓуетничка недоверба, нетрпеливост, презир и омраза? Ооооо, допрва ќе гледате раст на тоа, какви досега не сме виделе! Па веќе има огромен револт, чувство на онеправданост и неуставно силување, сосе од многумина кои воопшто немале ниту актуелно имаат нешто против Рамковниот и уставните решенија како што се, а тука се вбројувам и себеси. Најискрено, јас веќе не си умислувам дека и мислат добро на земјата, уште помалку на етничкиот колективитет на кој јас припаѓам. И нема да го заборавам ниту молчењето и одобрувањето на Албанците за сето ова што и како се прави, а ги бришам и сите други што одобруваат , најчесто по основ на партиски интереси , или заради политичка омраза кон опозицијата. На сите тие што го потценуваат квалитативното влијае на овој закон во крајно негативен правец, пак ќе им повторам: треба да си или да глумиш тежок глупак за да не видиш дека тиранијата на малцинството е уште поразорна од тиранијата на мнозинството, по својот обем, баш оти е врз мнозинството, дотолку повеќе кога е комбинирана со сериозни дози на национализам и национал-шовинизам, за кои некои, гледам , упорно спинуваат слепило. Сето тоа збиберено со серија колективни комплекси или фрустрации, оправдани или не, па те вгнездени инфериорности, те извештачени супериорности без покритие.
И она што сите го забораваат и потценуваат, сето ова во растечки нов контекст на гледање на Македонците и на сите други во регионот низ една увезена и растечка , нагласено антиевропска и антизападна, религозно-идеолошка призма, која, нели, „не смее да се именува“, онаа де, што испрати не баш занемарлив број на Албанци од земјата и од регионот во ИСИС, онаа за ширење и супрематија на исламистичката теократија , за што сите засега уредно се прават на Тошо. Но, се ќе ви се каже и покаже самото, независно колку и да се глумата себепроекција „како јас би го применувал законот да сум на нивно место„. Па малце ли е да ве разубеди како и со каква содржина се носи? Ма малце ли ви е горенаведената емпирија од речиси две децении, за која веќе никој не може да глуми неинформираност , оти ептен ја симна маската? (онаа првата, таа другата допрва ќе ја биде). П.С. Се извинувам за големото доцнење со другите делови од Водичот низ неуставните лавиринти на ЗУЈ 2018, имам ептен големи обврски периодов, а тоа е погобленска работа, но , ве уверувам,ќе го завршам, и плус за други поврзани аспекти.
Имате право да ги знаете тие работи и аспекти, да ги имате сите информации.Не можам да поверувам кои се и колку ве мафтосуваат, колку се неодговорни, за колку сериозни работи за нашите животи, за нашата иднина, за иднината на нашите деца! Колку и да преморува, троши, ќе најдам време и енергија, побавно можеби одшто сакам , ама без откажување! И ќе се борам против овој грозен, силеџиски, неуставен , противрамковен , неправеден и опасно дестабилизирачки упад, ништо поразличен од оние што ги видовме изминатата деценија. Како на тие, така и на овој мора да му се пружи сериозен отпор, овој закон-незакон не смее да го биде! Доста беше набедување, узурпирање и уценување на Македонците, доста беше узурпирање и погазување на Рамковен и на Уставот, мора на сето тоа да се стави крај! Ова вако што се тера нема врска ниту со права, ниту е во прилог на конструктивен и искрен меѓуетнички соживот, напротив! Вака не ја бива работата, и нема да ја биде!