Милевски го објави списокот: Најважен е односот кон националниот дрес!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски денес го објави списокот за квалификациите за ЕП 2019 и на него има неколку измени.

Милевски ги врати Доријан Бабунски и Стефан Јевтовски, како најзвучни имиња меѓу петмината повратници, но во составот има и четири дебитанти – Милан Ристовски, Омар Имери, Томас Божиновски и Есмин Личина.

„Никогаш во оваа селекција нема императив да се победи, постои само императив кон односот на терен и тој е предуслов и критериум број еден за сите што сакаат да бидат дел од репрезентацијата и за сите што сакаат да го носат државниот дрес. Тие што не се повикани, токму на тој сегмент не го положија испитот – за односот кон дресот и односот на терен. Не е трагично да се загуби, но мора да се задржи односот кон националниот дрес. Услов е да се даде максимум, па и повеќе од нашите можности и тоа е нашата должност“, додаде Милевски.

Нашата млада селекција ја очекуваат натпреварите против репрезентацијата на Русија на 23. март во Скопје, а четири дена подоцна Македонија ќе гостува во Австрија. Во моментов се наоѓа на последното место во групата 7 со само три освоени бодови.