Секс скандал ја тресе Метрополитен Опера – славниот диригент отпуштен поради злоупотреба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Метрополитен Опера од Њујорк му даде отказ на еден од најзначајните и најголеми американски диригенти на денешницата, Џејмс Левин, откако со спроведена истрага беше утврдено дека е виновен за сексуална злоупотреба.

Левин привремено е разрешен од неговата служба во операта на 3 декември, после тестовите и доказите за сексуална злоупотреба кои ги објавија New York Times и New York Post.

„Во истрагата беа пронајдени веродостојни докази дека Левин е одговорен за сексуално вознемирување и напад за време на соработката со Метрополитен Опера“, стои во соопштението од оперската куќа.

Во соопштението е наведено дека Левин сексуално ги вознемирувал и злоупотребувал младите уметници во разни фази од нивните кариери.

Во текот на истрагат беа сослушани над 70 сведоци. Четворица мажи го обвинија Левин за сексуална злоупотреба пред неколку децении. Славниот диригент, претходно, изјави дека обвиненијата се неосновани.

74-годишниот диригент беше музички директор на оваа оперска куќа цели 40 години, а во 2016 година, поради здравствени проблеми, замина во пензија, но ја продолжи соработката со Метрополитен Опера и стана музички директор emeritus.

После раскинувањето на соработката со Левин, Метрополитен Опера го договори Јаник Незет-Сегуин од есен да го преземе оркестарот.