Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голгетерот на Расинг, Лаутаро Мартинез се најде на списокот на аргентинскиот селектор Сампаоли за престојните пријателски натпревари против Италија и Шпанија.
Мартинез така ќе има прилика да дебитира за сениорската репрезентација на Аргентина, а медиумите тврдат дека има повеќе шанси од Икарди за да патува на Мудијалот во Русија.
Овој 20-годишен голгетер се уште е анонимус во Европа, но од следната сезона ќе го носи дресот на славниот италијански клуб, Интер.
„Мојот идол е Радамел Фалкао. Неговото движење на теренот секогаш ме импресионира. Приметив дека медиумите не споредуваат со него и тоа многу ми се допаѓа“, изјави Мартинез.
Откако му го „украде“ местото во репрезентацијата, Мартинез е спремен да му ја земе и „деветката“ на Икарди.
„Мартинез од лето се сели во Интер и многу е среќен поради тоа. Доколку Икарди го напушти клубот тогаш ќе го земе дресот со број девет“, изјави неговиот агент.