Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трофејниот италијански стратег, Карло Анчелоти призна дека не е многу далеку од позицијата селектор на репрезентацијата на Италија, но се уште нема донесено одлука околу својата иднина.
Анчелоти доби отказ од Баерн на почетокот на сезоната и моментално е слободен, но признава дека има разни понуди.
„Се уште е рано за конечни одлуки. Не сум далеку од позицијата селектор на Италија, добро го познавам Костакурта, како и тој мене. Репрезентацијата мора да чека, се уште сум под договор, а тука се и други тренери кои и понатаму работат, односно не можат да потпишат договор со италијанскиот фудбалски сојуз“, изјави Анчелоти.
„Сојузот исто така има потреба од време да ја процени работата на Ди Баџо. Разговарав со Костакурта, а евентуалната работа селектор, не ја гледам како свој последен чекор во кариерата. Не знам кога ќе се вратам, не зависи тоа само од мене“, вели Анчелоти.