Се будите со болки во вратот? Еве го лекот за тој проблем


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Болката во вратот најчесто се појавува поради потфатени нерви и знае да биде прилично незгодна и фрустрирачка.

Една од причините за оваа појава е лошата положба на телото при спиењето, најчесто поради несоодветна перница или премек душек на креветот. И покрај редовните масажи и правилното држење на телото, некогаш не можеме ништо друго да направиме, а болката и понатаму е присутна. Останува само да чекаме нервот да се врати на своето место.

Според Американското здружение на киропрактичари, пренесува Elite Daily, болката во вратот е еден од вообичаените проблеми со кои се соочуваат луѓето, а поврзана е со флексибилноста на вратните пршлени. Цервикалниот ’рбетен столб може да се движи во сите правци, додека ја крепи тежината од главата. Ако на него се врши притисок поради лоша положба при спиењето, потфатениот нерв е неизбежна појава.

Спиењето на грб е најдобро за вратот и ’рбетот

Ако постојано се будите со вкочанет врат, може и подобро да почнете редовно да практикувате спиење на грб. На тој начин ’рбетот се држи во неутрална положба, па нема опасност од оптоварување.

Што се однесува на перницата, таа треба да биде со заоблена форма, за да може добро да го крепи вратот и вратните пршлени. Бирајте ги оние со перјесто полнење или мемориска пена, бидејќи тие се прилагодуваат на вашата глава и вратна конституција.

Спиење на страна само со соодветна перница

Секако дека не можете цела вечер да ја поминете на грб, па мора неколку пати да се свртите на страна во спиењето.

Затоа, во тој случај е добро да лежите на перница која е повисока во пределот каде што се потпира вратот, а пониска во делот каде што лежи главата, со цел да може правилно да го држи вратот во текот на спиењето.

Спиењето на стомак е најлоша можна варијанта

Спиењето на стомак пружа најмала потпора на вратот и главата, а мускулите во тој дел се напнуваат повеќе отколку што треба. Кратко кажано – избегнувајте ја оваа положба во спиењето колку што можете повеќе.