Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
48-годишниот Србин Иван Божовиќ по грешка бил уапсен од италијанската полиција, наместо Хрватот со исто име, презиме и дата на раѓање, по кого била распишана потерница поради трговија со наркотици, објави РТС.
Србинот, бил осуден на шест ипол години затвор, од кои 17 месеци поминал зад решетки, пред да биде утврдено дека се работи за погрешен човек, пренесе хрватскиот портал „Хем“.
Иван Божовиќ бил уапсен на 25 ноември 2012 година на границата со Словенија, поради информации од истражителите дека се работи за човек за кој е распишана потерница, поради што му бил одреден истражен затвор, па набрзо бил и испорачан на Италија.
Против него била покрената и судска постапка во која е прогласен за виновен поради учество во криумчарење на дрога и казнет со шестипол години затвор. Дури по 17 месеци од апсењето, било утврдено дека не се работи за Божовиќ кој е дел од криминалниот синџир, туку за човек со исто име и презиме, како и со иста дата на раѓање.
Како што се наведува, до грешка во идентификацијата дошло бидејќи во пасошот му бил наведен различен идентификациски број.
Божовиќ барал отштета од 300.000 евра заради незаконското апсење и престој во затвор, судот во Милано досудил 130.000 евра.