Ако ви е доста од „социјала“ и интернет, еве како да ја избришете секоја трага од мрежата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сигурно сте чуле дека кога еднаш ќе оставите ваша трага на интернет, истата веќе не се брише? Цаката е во тоа што интернетот е еден огромен сервер на кој има сешто и никогаш не можеме да бидеме сигурни дека на него не постои барем некој податок и информација за нас.

Но, изгледа, сепак постои решение за тоа да ја избришете секоја ваша трага на интернет мрежата, благодарение на шведските гении. Развојните инженери креираа страница преку која може да го избришеш секое свое он-лајн присуство со само неколку клика, наведува Мари Клер. Станува збор за deseat.me сајтот, каде се видливи сите ваши он-лајн профили, сметки, веб страници на кои сте се регистрирале и слично.

Сајтот не складира податоци за корисниците

Сè што треба да впишете е вашиот е-меил и лозинката, со цел системот да може да скенира каде сè ги има и се присутни вашите податоци, кориснички имиња и лозинки. За оваа идеја стојат Виле Далбо и Линус Унебак, кои тврдат дека најсериозно ја сфаќаат приватноста на корисниците, па затоа страницата не собира и складира никакви приватни податоци од самите корисници.

Платформата засега е ограничена само на Gmail, што значи дека вашите останати меил адреси ќе бидат подложни на спамови. Иако оваа идеја е одлична, повторно не нуди апсолутно отсуство од интернет, бидејќи тешко е целосно да се избришете самите себе од интернет. Но, ако сакате да го сведете на минимум вашето присуство, deseat.me е одличен почеток.