Дали сте чуле за „метаболичка дебелина: Ако страдате од тоа, еве неколку стручни совети


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Да се биде метаболички дебел, или со други зборови – слаб, а дебел, значи дека човек, иако има нормален индекс на телесна тежина, сепак, има метаболички маркери кои се поврзуваат со зголемената тежина.

Луѓето обично мислат дека, ако генетски се благословени со витка линија и брз метаболизам, сигурно мора да се здрави. Физиологот Наоми Ферстера сака да го побие тој мит и идејата како домашната вага влијае врз нашето здравје.

„Домашната вага на која ја следите вашата телесна тежина ништо не ви кажува за телесната композиција. Не можете да знаете колку мускули имате, а колку масти (тука мора да ја поправиме бидејќи постојат и такви ваги кои го покажуваат тој индекс, иако и кога ќе го знаете тоа, треба да знаете што и како да преземете, наша забелешка). Што е најважно, вагата дефинитивно не покажува каде тие масти се распоредени и каде ги има најмногу“, објаснува Наоми и ги охрабрува луѓето да ја исфрлат вагата од употреба, бидејќи едноставно немаат потреба од неа.

Метаболичка дебелина

Една од најопасните маснотии, вели Ферстера, е оној вид кој се таложи околу нашите внатрешни органи, а е позната како висцерална маст. Наизглед е невозможно да процените колку некој човек има од тие висцерални масти во себе. Оттука, некој може да биде физички слаб, но пак да има еден куп хронични здравствени проблеми поради висцералните масти кои му ги опкружуваат органите.

„На слабите луѓе не им се вели да ја променат исхраната и да почнат да вежбаат, додека на оние кои јадат здрава храна, а сепак имаат вишок килограми, обично им се советува да се приклонат кон уште поекстремен режим“, објаснува оваа експертка, истакнувајќи дека тоа е погрешен пристап.

Да се биде метаболички дебел, или со други зборови – слаб, а дебел, значи човек, иако има нормален индекс на телесна маса, да има метаболички маркери кои инаку се поврзуваат со дебелеењето. Тоа може да биде било што – од покачено ниво на шеќер во крвта, до холестерол. Едно американско истражување неодамна покажа дека секој четврт човек има преддијабетичка состојба и покрај тоа што се вклопува во рамки на нормалните телесни тежини.

Најдобра исхрана и најдобри вежби

Ферстера советува што можете да направите за да ја елиминирате висцералната маснотија која можеби ги прекрива вашите органи. Таа лично е поборник за диети со ниско учество на јаглехидрати и здрави масти, кои доста брзо можат да ги променат вашите метаболички маркери.

Здравите масти, кои ги содржат авокадото, оревите, маслинките и лососот, овозможуваат вашето тело да добива есенцијално гориво и оптимално функционирање на срцето, нервите и мозокот, а помагаат и во апсорпцијата на некои витамини.

Нутриционистката, исто така, препорачува повремено постење. Можете, да речеме, два дена во неделата да си одредите да не внесете во вас повеќе од 500-600 калории. Останатите типови на повремено постење, вклучително и ноќниот пост (од 12 до 14 часа временско растојание помеѓу вечерата и доручекот), исто така се препорачани, како и еден ден во неделата консумирање лесна храна.

Покрај тоа, не смее да се заборави и вежбањето и тоа со висок интензитет. Овој вид на вежби станаа хит меѓу славните личности, бидејќи со нив се троши максимален број калории за само 30 минути. Обично се комбинираат различни кардио вежби како „клекнувања“, исчекори и истрчување, кои го забрзуваат пулсот.