Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија има други реформски приоритети, законот за јазици не е еден од нив, тој не е дел од европската агенда, порача францускиот амбасадор Тимоние.
„Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици“, изјави амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.
Амбасадорот одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин.
„Собранието не функционира така како што треба“, рече Тимоние. „Законот не беше приоритетен за Европската Унија“, додаде амбасадорот.