Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Признавам, од прва не ме воодушеви идејата за чоколаден хумус, но кога го пробав, сите мои негативни очекувања и предрасуди паднаа во вода, бидејќи вкусот напросто ме воодушеви“, напиша Ананда Ајделштајн на порталот Real Simple, каде ги откри своите импресии и рецептот за веројатно најздравиот чоколаден намаз на светот.
„Моите предрасуди за оваа необична идеја и рецепт згаснаа истата секунда кога на крајот го пробав производот. Намазот испадна толку добар, полно со чоколадо и толку кремаст, што автоматски го задоволи мојот вкус за благо. А кога ќе ми текне дека е богат со протеини, единствено прашање кое ми се наметнува е зошто не сум го пробала порано“, напиша Андана.
Освен што е здрав, толку е едноставен за подготвување што и самите, уште денес, ќе можете да си го подготвите.
Чоколадниот хумус вклучува класични состојки за хумус, со додаток за благо, а можете да го јадите на безброј начини – со леб, со овошје или јаткасти плодови и диетални кекси.
Еве што ви треба за да го подготвите.
Една и пол шолја варен наут
Четвртина шолја незасладено какао во прав
3-4 лажици јаворов сируп
3 лажици тахини паста
Една и пол лажица екстракт од ванила
Четири лажици вода
Прстофат сол
Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте додека не добиете хомогена, глатка и слатка смеса. Намазот можете да го јадете и од чаша, декориран со уште малку какао во прав, капка-две јаворов сируп и малку груба морска сол.