Кина се гордее со најдолгиот мост на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Државната корпорација China Communications Construction во Кина го изгради најдолгиот мост на светот. Според градителите, објектот е способен да издржи земјотрес со јачина од 8 степени и да биде издржлив за употреба без проблеми најмалку 120 години.

Новиот мост ги поврзува Хонг Конг, Жухаи и Макао. Долг е 55 километри а се градеше осум години. Неговата цена се проценува на 110 милијарди јуани или повеќе од 14 милијарди евра.

За време на изградбата беа изградени три вештачки острови и еден подводен тунел (исто така најдолгиот во светот). Трасата е поделена во три ленти за да се избегне сообраќајната гужва.

Со користење на овој мост, учесниците во сообраќајот ќе заштедат многу време. Наместо за 3 часа, од Хонг Конг до Жухаи ќе бидат за само 30 минути. Тунелот за кој станува збор е изграден за да обезбеди премин на морски морски бродови со висок капацитет.