Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот „риалити“ пар Кајли Џенер и Тревис Скот изминатиот викенд беа забележани од папараците како го напуштаат хотелот Miami Beach. Носеле спортска облека, па немаше ништо посебно во тој поглед што би гопривлекло вниманието на јавноста, но сепак целиот фокус го привлече лицето на младата мајка.
На него можеше да се забележи модринка која таа се обиде да ја прикрие со нејзиното палтенце, но безуспешно. Околу приказната во Холивуд се појавија две теории.
Kylie Jenner sports mark under her eye as she hides her face while making low-key exit from Miami hotel https://t.co/mEBssUFcrL pic.twitter.com/BjBUvhxcNY
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 7, 2018
Првата укажува дека модринката настанала како резултат на хируршки зафат, а втората дека настанала поради нанесен удар.
Покрај Кајли, во медиумите се рашири и веста за хоспитализирањето на нејзината сестра Кендал. Пред да се појави на Оскарите, таа доживеала лоша реакција од витаминска инекција која помага во зголемувањето на енергија, губењето на килограми и ја прави кожата сјајна.
Риалити ѕвездата била примена во медицинскиот центар Cedars Sinai каде веднаш била третирана, но пуштена за кратко време.