Европските гиганти „полудеа“ по ѕвездата на Шалке


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се зголемува бројот на кандидатите за потписот на талентираниот играч за врска на Шалке, Макс Мајер на кого договорот со германскиот клуб му истекува на крајот на сезоната.

22-годишниот играч за врска е трансфер цел на Милан, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, а во последните денови се појави информација дека е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, сега се појави уште еден кандидат за неговиот потпис, а тоа е италијанскиот шампион Јувентус. „Газета дело Спорт“ пренесува дека „старата дама“ сака да донесе уште еден Германецот во тимот, каде во моментов се наоѓаат Сами Кедира и Ховедес.

Примарна цел на Јувентус е Емре Чан, а во Макс Мајер гледаат како алтернатива за фудбалерот на Ливерпул.

Мајер е дете на Шалке и веќе има скоро 200 настапи за тимот од Гелзенкирхен, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и тој сака да ја промени средината.