Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешната девојка на Марио Балотели, атрактивната пејачка Фани Негуеша повторно е во љубовна врска со фудбалер.
После турбулентната врска со контроверзниот италијански фудбалер, Фени не чекаше долго да пронајде нов дечко фудбалер. Овој пат падна во прегратките на Марио Лемина. Дека денеска ужива во љубовта сведочи и објавата на фудбалерот на Саутемптон на социјалните мрежи.
Имено, Лемина на Инстаграм објави дека го чека првото дете со три години постарата пејачка.
„Прво беше поглед па насмевка..Не ни сонувавме каде тоа нас ќе не однесе. Поминавме многу, ги избегнавме сите препреки, на секој чекор беше само љубовта. На жената која толку ме усреќува сакам да и кажам благодарам за најубавиот поклон, од оваа љубов ќе се роди дете кое еден ден ќе ме вика тато.“ – напиша фудбалерот на Саутемптон.
Лемина веќе има син од претходната врска.