Бекам го имаше најдоброто седиште на „Паркот на принцовите“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Медиумте на Островот ги полни нова интрига, откако во вторникот вечерта, на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз, бившиот англиски репрезентативец Дејвид Бекам и американскиот супермодел и убавица со слава од светски ранг, Бела Хадид, седеа еден до друг во ВИП ложата и го следеа осминафиналниот натпревар помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид (1:2) од Лигата на шампионите.

Двете славни фаци се сретнаа случајно, но нивното ракување и неколкуте фрлени погледи од страна на Бекам кон 21-годишната убавица Хадид ги натераа британските медиуми да почнат да „шушкаат“ дека фудбалскиот и моден фраер негува симпатии кон својата „сосетка“ (со местото, секако).

А Бела, како и секогаш, блескава и bella. И покрај ниските температури, таа ги скокоткаше машките страсти со својата модна комбинација и раскошното деколте.