Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Деновиве на интернет исплива видео од една шкотска претстава од 1995 година, во која денес сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, на тогашни 13 години ја глуми девојката по име Марија.
Освен што е интересно да се види како денес една од најпупларните жени на светот и дел од кралското британско семејство изгледала пред 13 години, интересно е и дејството на претставата која речиси пророчки ја предвиде судбината на младата Кејт.
Нејзиниот лик Марија во претставата носи разлелеан бел фустан и цвеќе во косата и налетува на читач на судбината од дланка кој предвидува дека таа „ќе запознае згоден богат маж“, кој ќе се ожени со неа и ќе ја одведе во Лондон.
„Тоа е сè за што сум сонувала!“, извикува младата Кејт и прашува: „Дали воопшто ќе се вљуби о мене?“
„Ќе се вљуби“, одговара читачот од дланка и потврдува дека ќе се ожени со неа.
Потоа се појавува сцена во која настапува згоден русокос дечко по име Вилијам која ја бара за сопруга Марија. Снимката е откриена пред неколку години, но овие денови поторно е актуелизирана на социјалните мрежи. Направена е во школото Сент Ендрус во Пангборн.