Timberland Flyroam: Обувки за градски авантури кои ќе ви го сменат животот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Flyroam Go е врвно квалитетна обувка за движење во градски услови. Како што сугерира самото име, иновативниот дизајн овозможува градски авантури со целодневно чувство на удобност на нозете.

Уникатната конструкција дава лесна потпора, а растегливите влакна обезбедуваат проветрувачка комоција на горниот дел.

Flyroam Go е инспирирана од спортскиот стил и современите модерни трендови, смислена за независна младина која сака слободно да лута и патува во урбани средини без никакви ограничувања. Таа е линеарна патика, конструирана со еднобоен дизајн на горниот дел, поставен на бела гумена подлога на ѓонот.

Патиките се создадени со Timberland Ortholite® технологија и  OrthoLite влошки кои се направени од пена која обезбедува стапалата да дишат, исфрлање на влагата, со антибактериско дејство и заштита и долготрајна удобност. Тоа значи дека екстравентилацискиот материјал нема да се истроши со текот на времето, како и дека вашата обувка ќе биде удобна, без оглед на тоа колку долго ја носите.

Flyroam Go и One се развиени со AreoCore ™ аеродинамична подлога. AreoCore ™ energy system е нова, исклучително лесна подлога која отвора нови можности за враќање на енергијата и удобност со секој направен чекор. Нозете ќе ви бидат лесни, побрзи и слободни додека уживате во урбаните авантури.