Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бојата на очите кај бебињата, како и многу други физички карактеристики, е наследна и зависи од родителите, но и од малку повозрасните претци како бабите и дедовците.
Бебињата од бела раса најчесто се раѓаат со сини или сиви очи, а останатите речиси секогаш имаат темни очи.
Важен фактор при одредувањето на бојата на очите, е меланинот – пигмент кој ја определува и бојата на кожата, на косата, и кој реагира на сончевата светлина. Тоа влијае на потемнувањето на кожата, а можеби и на промена на бојата на очите на бебето, посочуваат новите истражувања.
Луѓето кои имаат помало количество од овој пигмент во себе, имаат сини или сиви очи, а оние кои го имаат во малку поголемо количество – зелени, кафени и црни очи.
По раѓањето, без разлика на генетиката, бебето произведува малку меланин, па затоа повеќето имаат сини или сиви очи. Како што бебето е поизложено на светлина, расте и лачи меланин, бојата на очите се менува.
Тоа обично се случува до шест месечна возраст, но може да трае и до третата година и подоцна, но со помал интензитет и секогаш промената е – од посветло кон потемно. Односно, кафените и костенливи очи не може повторно да станат сини.